Македонија гостува во Клуж за реваншот од баражот за СП 2019

Македонија гостува во Клуж за реваншот од баражот за СП 2019

Сениорската машка репрезентација на Македонија со предност од 8 голови по првата средба што се одигра во Скопје, денеска од 17:30 часот (македонско време) го очекува реваншот на гостински терен против селекцијата на Романија.

Селекторот Раул Гонзалез на располагање ќе ги има истите 16 ракометари кои во неделата во Скопје ја совладаа Романија со 32-24. Во тимот на Романија во пресрет на реваншот најавени се две промени – Соаре и Чог ќе настапат на местото на Росу и Кабут.

Македонската репрезентација вчера напладне пристигна во градот Клуж, а синоќа го одработи и единствениот тренинг во салата „Хореа Демиан“ каде попладнево и ќе се одигра реванш средбата.

За пласман на Светското Првенство што во јануари 2019 ќе се игра во Данска и Германија и што воедно би претставувало шести настап на СП во нашата ракометна историја, Македонија ќе се обиде да ја задржи предноста од 8 голови што ја обезбеди на првата средба во Скопје.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести