Викендов ќе се одиграат четирите четвртфинални групи во машкиот ракометен Куп на Македонија 2016.
Три од четирите турнири ќе се играат во Скопје, во салите „Јане Сандански“, „Автокоманда“ и СРЦ „Кале“, а четвртиот турнир ќе се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид. Според пропозициите за Куп-натпреварувањето, четирите победници на групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето. Полуфиналните двојки дополнително ќе бидат одредени по пат на извлекување.