Насмевки, детска игра, мини ракомет, многу енергија и вистинска спортска атмосфера – вака изгледаше првиот „Национален ден на ракометот“ пред СЦ „Борис Трајковски“!
На едно место се собраа најмладите љубители на ракометот, семејствата, клубовите и сите оние кои покажаа дека ракометот е повеќе од спорт – ракометот е заедништво.
Ви благодариме што бевте дел од овој ден и што заедно испишавме нова ракометна приказна!


















