ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА БАРАЖ НАТПРЕВАРИТЕ ВО МАШКА И ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека, со цел обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација на бараж натпреварите за пласман во Супер лигата, донесена е одлука за промена на местото на одигрување на бараж натпреварот во машка конкуренција.

Бараж натпреварот во женска конкуренција помеѓу:

ЖРК Пелистер 2012 и МРК Ѓорче Петров 2 ќе се одигра согласно претходно утврдениот распоред на 03.06.2026 година во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш, со почеток во 17:30 часот.

Бараж натпреварот во машка конкуренција помеѓу:

РК Струга и РК Младост 1977 наместо во Радовиш, ќе се одигра на 03.06.2026 година во спортската сала „Антон Димитров“ – Бутел, Скопје, со почеток во 19:00 часот.

Двата бараж натпревари ќе бидат пренесувани во живо на МРТ.

Ракометната федерација на Македонија им посакува успех на сите екипи, како и фер, коректна и спортска борба на терен.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести