Известување за извлекување на натпреварувачки броеви за Прва Машка Лига

Известување за извлекување на натпреварувачки броеви за Прва Машка Лига

Ве известуваме дека на ден 20.08.2024 (вторник) со почеток во 12:00 часот во просториите на Ракометната Федерација на Македонија ќе се оддржи извлекување на натпреварувачките броеви на клубовите учесници во Прва Машка Лига за сезона 2024/25.

Екипите во регуларниот дел од првенството ќе бидат поделени во две групи А и Б. Екипите ќе бидат поделени во два пота согласно пласманот од натпреварувачка сезона 23/24.

Учесници во прва машка ракометна лига во натпреварувачката сезона 2024/2025 година
се следните ракометни клубови:

  1. РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
  2. РК ВАРДАР НЕГОТИНО
  3. РК МУЛТИ ЕСЕНС
  4. РК СКОПЈЕ 2020
  5. РК АЕРОДРОМ
  6. РК МЛАДОСТ 1977
  7. РК ДРАЧЕВО
  8. РК МЕТАЛУРГ РА
  9. РК ЈЕХОНА
  10. РК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
  11. РК ШАМПИОН
  12. РК ОВЧЕ ПОЛЕ 1958
  13. РК ПАРТИЗАН 2016 СПОРТ
  14. РК КИЧЕВО 2020
  15. РК АСТРАИОН ХЕНДБОЛ
  16. РК ТЕКСТИЛЕЦ
  17. СРК ПРЕСПА ВАРДАР
  18. МРК БОРЕЦ 1950

Системот на натпреварување во регуларниот дел по групи ќе се одигра по еднокружен
бод систем (домаќин-гостин) 2х9 кола вкупно 18 кола.
По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат две групи:

  • Плеј Офф група која ќе брои 10 (десет) екипи формирана од екипите од 1-5 место
    од А и Б групите.
  • Плеј Аут група која ќе брои 10 (десет) екипи формирана од екипите од 6-10 место
    од А и Б групите.

Во Плеј оф и Плеј аут групите се пренесуваат резултатите и бодовите постигнати со
екипите со кои веќе се играло во регуларниот дел во групата а се пласирале во иста група
Плеј Офф или Плеј Аут групата.

Ќе се играат 2×5 кола или вкупно 10 (десет) кола (домаќин/гостин) само со екипите кои
играле во другата група во регуларниот дел. Првопласираната екипа од Плеј-Оф влегува
директно во Супер Лига а второпласираната екипа од Плеј-Оф ќе игра еден бараж
натпревар со петто пласираната екипа во плеј аут групата од супер лига.

ЛИНК https://www.youtube.com/live/Vh2XnszwQKc

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024