Известување: Одлуки на УО на РФМ

Известување: Одлуки на УО на РФМ

Почитувани,

Ве известуваме дека Согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) Управниот одбор на РФМ ги донесе следниве одлуки :

1. Ракометната Федерација на Македонија ќе и додели премија на машката сениорска репрезентација во вредност од 40.000 евра, за обезбедениот пласманот на ЕП Хрватска 2018.

– Сениорската ракометна репрезентација на Р. Македонија обезбеди пласман за ЕП Хрватска 2018 , во рамките на последните две кола од квалификацискиот циклус, односно со нерешениот резултат со Р. Украина во Суми и големата победата над Р. Чешка во Скопје, , со што се пласираше на првата позиција во 4тата квалификациската група и обезбеди место во вториот шешир за извлекувањето на групите за ЕП Хрватска 2018.
Ова е петти обезбеден пласман за македонските сениори на големите континентални натпреварувања и вкупно десетти заедно со Светските Првенства.

2. Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука клубовите во Женската лига кои се натпреваруваат во систем на натпревари на РФМ да бидат ослободени од судиски и делегатски такси почнувајќи од новата натпреварувачка сезона 2017/18, единствениот трошок на ракометните клубовите остануваат патните трошоци за службените лица.

– Минатата сезона 2016/17, РФМ целосно ги ослободи ракометните клубовите во младите категории (Младински, Кадетски и Пионерски лиги во машка и женска конкуренција) од трошоците за судиските и делегатските такси, а почнувајќи од наредната сезона 2017/18, РФМ ќе ги покрие таксите за службените лица и на клубовите од Женската лига.

Одлуките стапуваат на сила Веднаш , а ќе бидат верификувани на следниот УО.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести