ИЗЈАВА

Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки до најтрофејниот македонски ракометен клуб кој успеа да ни го донесе најелитното европско ракометно злато! Големи и срдечни честитки за Вардарци кои испишуваат историја во македонскиот ракомет! Единствениот дебитант на теренот во Келн им одржа лекција за борбеност, истрајност, силен тимски дух и единство во составот, на веќе одомаќинетите екипи од спротивната страна на голот.

Чест и задоволство беше од трибините на “Ланксес арената” да се бодрат момците предводени од големиот Раул Гонзалес, кои го вложија секој атом од силите за да ни го овозможат овој историски успех и да ни го донесат најпосакуваниот ракометен трофеј на стариот континент.

Им благодариме!
НАПРЕД ВАРДАР!

Живко Мукаетов
Претседател на Ракометната федерација на Македонија

IMG_0863

IMG_0862
IMG_0843

IMG_0835

IMG_0824

IMG_0793

IMG_0792

 

 

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе Одлука по пристигнато барање од

Известување до медиуми

Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитирање на претставниците на медиумите за