Информација

Информација

Почитувани,

Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на Македонија во рамки на своите програмски определби, Управниот Одбор на ден 25.03.2024 година ги донесе следните  Одлуки по итност, согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.):

  • За одредување на парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација за пласман на IHF World Championship 2025 во CRO/DEN/NOR  во висина од 2.000.000,00 денари нето износ;
  • За одредување на парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за пласман на EHF Euro Women 2024 во AUT/HUN/SUI  во висина од 2.000.000,00 денари нето износ.
  • За именување на дополнителни членови на Натпреварувачка Комисија при Ракометна Федерација на Македонија, за нови дополнителни членови се именувани лицата г-дин Виктор Андонов и г-дин Бобан Мајнов, именуваните лица-членови на Натпреварувачката комисија при РФМ ќе бидат во функција на вршител на должност (ВД).
  • За именување на г-дин Кристијан Грчевски за селектор (супервизор), г-дин Дарко Јанев за тренер – селектор, г-дин Тодор Филиповски за кондиционен тренер и г-ца Николина Бојаџиска за физиотерапевт на женска младинска репрезентација за девојки родени 2004/2005 година и помлади, за претстојните натпревари во рамки на подготвителниот период и учеството на светско првенство за девојки до 20 години IHF WCH Women’s U20 2024 во Скопје во период од 19-ти до 30-ти Јуни 2024 година.
  • Се усвои информацијата доставена од страна на Натпреварувачка комисија за организација на финалниот турнир од македонскиот ракометен КУП 2024 во машка и женска категорија, и истиот ќе биде организиран во Скопје во спортскиот центар Борис Трајковски во период од 17-ти до 19-ти Мај 2024 година.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести