Информација

Почитувани,

Врз основа на член 64 од Статутот на РФМ и одлуката 0202-137/1 донесена на 24. февруари 2017 година, Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија го назначи г. Филип Милошевски за Генерален секретар на Ракометната Федерација на Македонија.

По прегледувањето на пријавите за конкурсот за генерален секретар, објавен на ден 14.02.2017, на кој единствен пријавен кандидат беше г. Милошевски, одлуката за негов реизбор беше едногласно потврдена од страна на Управниот одбор.

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ја потврди и одлуката сите клубови во Младинските лиги на Македонија во машка и женска конкуренција да бидат ослободени од исплата на судиски и делегатски такси, која беше презентирана на Изборното собрание на РФМ одржано на ден 07. февруари годинава. Со оваа одлука, почнувајќи од пролетниот дел на сезоната 2016/17, сите пријавени клубови во младите категории (младинци, кадети, пионери во машка и женска конкуренција), судиските и делегатските такси за настапи во домашните натпреварувања ќе бидат покриени од страна на Ракометната федерација на Македонија.

Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија

rfm_informacija_250217

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024