ГОСТУВАЊЕ НА „ПРЕСИНГ“ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РФМ СТЕФАНОВ И КООРДИНАТОРОТ НА СИТЕ МАШКИ НАЦИОНАЛНИ СЕЛЕКЦИИ МИРКУЛОВСКИ

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и координаторот на сите машки национални селекции, Филип Миркуловски, беа гости во спортскиот подкаст „Пресинг“ на Екипа.

Се зборуваше за актуелностите во македонскиот ракомет, идните планови и амбиции на РФМ, бараж натпреварот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027, како и за „Националниот ден на ракометот“ кој за првпат ќе се организира на 17 мај.

Дел од разговорот беше посветен и на златната генерација на македонскиот ракомет, атмосферата во репрезентацијата низ годините, предизвиците со кои денес се соочуваат младите спортисти, финансирањето во спортот, како и визијата и целите за иднината на македонскиот ракомет.

Погледнете го целиот разговор овде.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести