ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Е ШАМПИОН ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА

По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната, ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК беа крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за одличната сезона и заслуженото прво место во домашниот шампионат.

Медалите на шампионскиот тим ги додели Силвана Карбеска, координатор на женската Супер лига, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски.

Честитки до играчите, стручниот штаб и раководството на клубот за освоената титула.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести