Одржан собирот на репрезентацијата

Одржан собирот на репрезентацијата

Сениорската машка репрезентација на Македонија, денеска одржа собир за почеток на последниот дел подготовките пред настапот на Европското Првенство во Полска во јануари.

Во пријатна атмосфера во хотелот „Русија“ во Скопје и во друштво на поголем број медиуми, нашите репрезентативци се состанаа и низ ручек поразговараа за периодот на подготовки што ги очекува пред настапот на континенталниот шампионат.

Според планот на подготовките, со редовни тренинзи во СЦ „Јане Сандански“ се почнува утре, а ќе се тренира два пати дневно. Нашата репрезентација своите први подготвителни натпревари ќе ги одигра на 4 и 5 јануари во Словенија против домашниот национален состав, а пред заминувањето за Полска ќе одигра тест-средби и во Скопје, против Црна Гора на 10 и 11 јануари.

На Европското Првенство во Полска, Македонија натпреварите од групата ќе ги игра во Краков а за противници ги има Франција, Србија и домаќинот Полска. Првенството почнува на 15 јануари.

Во дел од изјавите за медиумите, членовите на репрезентацијата јасно ја потенцираа мотивираноста за максимален ангажман на сите тренинзи и сите натпревари, со верба во сопствените квалитети за остварување на посакуваниот успех и претставување на нашата земја во најдобро можно светло на големата европска сцена.

DSC_0630

DSC_0625

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како