Екипата на Ѓорче Петров МРК е победник на бараж натпреварот за пласман во Супер женската лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите екипи во македонскиот женски ракомет за натпреварувачката сезона 2026/27.
На клубот му честитаме за остварениот успех и изборениот пласман во Супер женската лига.
Им посакуваме многу среќа, успешни настапи и спортски успеси во претстојната сезона!







