Две успешни контроли на Младинците против Црна Гора

Две успешни контроли на Младинците против Црна Гора

Машката младинска репрезентација на Македонија (до 20 години) победи во двете контролни средби што во минатите два дена ги играше на Маврово против селекцијата на Црна Гора. Тимот на Данило Брестовац подготвен го очекува ЕХФ Шампионатот во Скопје. На двата натпревари против соодветниот состав на Црна Гора, се играше квалитетно и борбено од двете страни, сепак селекцијата на Македонија забележа победи во двата натпревари.

Македонија – Црна Гора 31-28 (12-12)
На првата средба, избраниците на Данило Брестовац одржуваа предност од околу 2 гола во текот на сите 60 минути. На почетокот на второто полувреме, Црна Гора со кратка серија го превзема водството и поведе со 15-13, сепак набрзо потоа нашиот состав повторно ја врати контролата и стигна до водство од 17-16 кое не го испушти до крајот. Димитриоски и Јагуриновски со по 7 голови беа најдобри стрелци за Македонија, Шилегов додаде 5 гола, Танкоски 4, а по два гола постигнаа Андонов, Мишевски и Петровски. Реализатори на по еден погодок беа Арсеновски и Серафимов.

Македонија – Црна Гора 29-27 (14-15)
На вториот натпревар одигран во петокот, Црна Гора беше таа која со добра игра на средината на првото полувреме, стигна до прва опиплива предност. Со четири голови во низа, Црногорците поведоа со 12-8, па иако Македонија во последните минути од полувремето успеа да намали, Црна Гора замина на пауза со предност од 15-14. Рано во второто полувреме тимот на Данило Брестовац успеа да го изедначи реазултатот и изедначено се играше до самиот крај. Успеа Македонија да поведе со 26-24, Црна Гора изедначи на 27-27, но последните два гола повторно беа дело на нашите репрезентативци, за втор триумф во втората средба. Димитриоски, Танкоски, Јагуриновски и Серафимов со по 5 голови беа најпрецизни во нашиот тим, Арсеновски и Димитровски постигнаа по 3, Мице Шилегов додаде 2 гола, а стрелец на 1 гол беше Мишевски.

Со овие средби нашите Младинци ја завршија втората фаза од подготовките на Маврово. Тимот се врати во Скопје каде од понеделник продолжува со тренинзите до почетокот на ЕХФ Шампионатот, што во периодот од 20 до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија се наоѓа во групата Б со селекциите на Украина, Швајцарија, Велика Британија и Италија. Во првото коло, на 20 јули од 20:00 часот, се среќаваме со Велика Британија. Најдобропласираните две селекции од групата ќе обезбедат учество во полуфиналето на турнирот. Само победникот на ЕХФ Шампионатот ќе се пласира на наредното Европскто Првенство во оваа младинска категорија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на