Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Александар Стефанов, заедно со генералниот секретар на РФМ, г-дин Влатко Тасевски, министерот за спорт, г-дин Борко Ристовски, како и делегација на Ракометната федерација на Македонија, присуствува на завршниот турнир – Final4 од Лигата на шампионите, кој се одржува во Келн, Германија.
Најдобрите четири европски екипи во машкиот клупски ракомет се борат за престижната титула европски шампион, во спектакуларна атмосфера пред илјадници љубители на ракометот од целиот свет.
Присуството на претставниците на РФМ на овој врвен ракометен настан претставува можност за размена на искуства, следење на најновите трендови во европскиот ракомет и зајакнување на меѓународната соработка со водечките ракометни организации и клубови.
РФМ продолжува активно да биде дел од најзначајните европски и светски ракометни настани, придонесувајќи за развојот и унапредувањето на македонскиот ракомет.







