Честитки до ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот Куп!
Со две победи во финалните натпревари против унгарската Татабања, охриѓани испишаа нова страница во македонскиот ракомет и ја освоија првата европска клупска титула во својата историја.
Ракометната федерација на Македонија им честита на играчите, стручниот штаб, раководството и навивачите на ГРК Охрид за овој голем успех и им посакува уште многу победи и успеси на меѓународната сцена.









