Врз основа на заклучокот од последното Собрание на Ракометната Федерација на Македонија по однос на ангажирањето на странски играчи во македонските ракометни клубови кои учествуваат во македонската ракометна машка Суперлига, на 29 јуни 2016 г. во просториите на РФМ се одржа работен состанок помеѓу клубовите кои се натпреваруваат во споменатиот највисок степен на натпреварување и раководството на Федерацијата.
За потсетување: согласно одлуката донесена во 2014-та година од страна на УО на РФМ за ограничување на бројот на странски играчи во македонските ракометни клубови кои учествуваат во македонската Суперлига беа утврдени следниве квоти на ангажирани странски ракометари:
• Сезона 2015/16 – максимум 12 странски играчи
• Сезона 2016/17 – максимум 11 странски играчи
• Сезона 2017/18 – максимум 10 странски играчи
• Сезона 2018/19 – максимум 9 странски играчи
• Сезона 2019/20 – максимум 8 странски играчи,
По исцрпната дискусија и детална анализа на сите сегменти во кои се одвива натпреварувањето и по изнесување на ставовите на претставниците на сите клубови, заеднички беше донесен следниот заклучок:
ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА 2017 / 2018
• Да стапи на сила дополнителна регулатива со која клубовите имаат право на ангажман на странски ракометари според следниве спецификации:
– Квота А: Максимум 4 (четири) странски ракометари по произволен избор на клубовите и
– Квота Б: Останатиот број до максимум 10 (десет) странски ракометари задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:
1) Да бидат репрезентативци на земја која е рангирана меѓу ТОП 15 земји според последната официјална ЕХФ ранг листа за машки репрезентации;
2) Да имаат минимум 10 настапи за А-репрезентацијата на својата земја во последните 5 години.
Клубовите имаат право, и сите максимум 10 (десет) странски играчи да ги ангажираат според спецификациите од Квотата Б, но немаат право да ангажираат повеќе од 4 (четири) играчи по произволен избор (Квота А).
ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА 2018 / 2019
• Да стапи на сила дополнителна регулатива со која клубовите имаат право на ангажман на странски ракометари според следниве спецификации:
– Квота А: Максимум 3 (три) странски ракометари по произволен избор на клубовите и
– Квота Б: Останатиот број до максимум 9 (девет) странски ракометари задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:
1) Да бидат репрезентативци на земја која е рангирана меѓу ТОП 15 земји според последната официјална ЕХФ ранг листа за машки репрезентации;
2) Да имаат минимум 10 настапи за А-репрезентацијата на својата земја во последните 5 години.
Клубовите имаат право, и сите максимум 9 (девет) странски играчи да ги ангажираат според спецификациите од Квотата Б, но немаат право да ангажираат повеќе од 3 (три) играчи по произволен избор (Квота А).
ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА 2019 / 2020
• Да стапи на сила дополнителна регулатива со која клубовите имаат право на ангажман на странски ракометари според следниве спецификации:
– Квота А: Максимум 3 (три) странски ракометари по произволен избор на клубовите и
– Квота Б: Останатиот број до максимум 8 (осум) странски ракометари задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:
1) Да бидат репрезентативци на земја која е рангирана меѓу ТОП 15 земји според последната официјална ЕХФ ранг листа за машки репрезентации;
2) Да имаат минимум 10 настапи за А-репрезентацијата на својата земја во последните 5 години.
Клубовите имаат право, и сите максимум 8 (осум) странски играчи да ги ангажираат според спецификациите од Квотата Б, но немаат право да ангажираат повеќе од 3 (три) играчи по произволен избор (Квота А).
Ограничувањето за странските играчи се однесува ЕДИНСТВЕНО на домашно првенство, а за учество во евро-куповите и во СЕХА лигата НЕ ВАЖИ горенаведената регулатива и клубовите имаат право да регистрираат неограничен број на странски играчи.
Освен горе наведените заклучоци, беше одлучено и следново:
1. Почнувајќи од натпреварувачката сезона 2017/2018, секој клуб е должен во списокот од 16 (шеснаесет) пријавени играчи на секој официјален натпревар во машката Суперлига да има минимум 2 (двајца) македонски ракометари на возраст до 21 година.
2. Клубовите кои се натпреваруваат во највисок степен на натпреварување согласно пропозиции до сега имаа обврска да пријават и младинска екипа, а од сезоната 2017/18 ќе имаат задолжителна обврска да пријават и/или пионерска или кадетска категорија во системот на натпревари на РФМ.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија