Македонската машка пионерска репрезентација (М16) забележа победа против селекцијата на Косово со резултат 35:33, во рамки на Регионалниот Челинџ Куп У16, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора.
Нашите млади репрезентативци покажаа борбеност, тимски дух и голема желба за победа, успешно завршувајќи го натпреварот во своја корист!
Честитки за ракометарите и стручниот штаб!








