Во спортската сала „Расадник“ во Скопје се одигра контролен натпревар помеѓу машката младинска (М20) и машката кадетска (М18) репрезентација на Македонија.
Натпреварот заврши со победа на кадетската репрезентација со резултат 24:22.
Овој натпревар е дел од подготовките на двете репрезентативни селекции, со цел подобрување на тимската игра и натпреварувачката форма.
Продолжуваме со работа и посветеност кон развојот на младите ракометари!








