РФМ СО ПРИЗНАНИЕ ЗА НИКОЛА МАРКОСКИ КОЈ ЈА ЗАВРШИ ПРОФЕСИОНАЛНАТА КАРИЕРА

Пред почетокот на натпреварот меѓу Македонија и Луксембург, Ракометната федерација на Македонија му оддаде признание на Никола Маркоски, кој ја завршува својата професионална ракометна кариера.

Со својата посветеност, борбеност и љубов кон националниот дрес, Маркоски остави значаен белег во македонскиот ракомет.

Во знак на благодарност за неговиот придонес и годините поминати во репрезентативниот дрес, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Александар Стефанов, му врачи врамен дрес со бројот 17, како симбол на почит и признание за неговата ракометна кариера.

Никола, ти благодариме за секој натпревар, секоја борба и секој момент поминат во дресот на Македонија!

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email