Од олимпискиот подиум до селекторската клупа на Црна Гора – Сузана Лазовиќ.
Како дел од златната генерација на Црна Гора, Лазовиќ во незаборавната 2012 година освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон и злато на Европското првенство, а со Будуќност истата година ја освои и Лигата на шампионите. Европскиот клупски трофеј го подигна уште еднаш, во 2015 година.
Приказната на Сузана Лазовиќ е приказна за нов почеток, лидерство и останување во врвниот ракомет.
Женски ракометен форум – Охрид 2026
Датум: 26.09.2026 / Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“ / Време: 11:00 – 13:30
Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ
Модератор: Jана Серафимова
Организатор: Ракометна Федерација на Македонија








