ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ ПАНЕЛИСТКИТЕ НА ПРВИОТ ЖЕНСКИ РАКОМЕТЕН ФОРУМ

Андреа Лекиќ – ракометна визија и лидерство на теренот. Препознатлива по нејзината плејмејкерска способност за разигрување на соиграчките со неверојатна леснотија.

Ракометарка за големи натпревари, за што сведочат бројните одиграни престижни финалиња крунисани со една титула во Лигата на шампиони (Ѓер, 2013 година) и сребрен медал со српската репрезентација на Светско првенство.

Значаен дел од неповторливиот тим на ЖРК Вардар, период од кариерата кој директно ја поврзува со Македонија.

Спортистка со карактер и квалитети кои и ја донесоа титулата: Најдобра ракометарка во светот за 2013 година.

Женски ракометен форум – Охрид 2026

Датум: 26.09.2026 / Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“ / Време: 11:00 – 13:30

Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ

Модератор: Jана Серафимова

Организатор: Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email