ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ ПАНЕЛИСТКИТЕ НА ПРВИОТ ЖЕНСКИ РАКОМЕТЕН ФОРУМ

Ви ги претставуваме панелистките на Првиот женски ракометен форум.

Лидерство, победнички менталитет и шампионски дух.

Индира Кастратовиќ е едно од најголемите македонски ракометарки на сите времиња.

Нејзиниот шут доволно силен и препознатлив за да остави длабока трага и на европската ракометна сцена, особено во шампионската ера на Кометал Ѓорче Петров.

Симбол и предводничка на Златната генерација на женската македонска ракометна репрезентација, која играше со неверојатна страст и срце на терен, создавајќи неповторливи моменти врежани во нашата колективната спортска меморија.

Женски ракометен форум – Охрид 2026

Датум: 26.09.2026

Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“

Време: 11:00 – 13:30

Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ

Модератор: Jана Серафимова

Организатор: Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email