РК ВАРДАР 1961 Е ПОБЕДНИК НА СУПЕР КУПОТ 2026

РК Вардар 1961 е освојувач на трофејот во Супер Купот на Македонија за 2026 година, откако во неизвесен натпревар славеше против ГРК Охрид со конечен резултат 32:31.

По завршувањето на натпреварот, победничкиот пехар на РК Вардар 1961 го врачија претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Александар Стефанов, и министерот за спорт, г-дин Борко Ристовски.

Честитки до РК Вардар 1961 за освоениот трофеј, како и до двете екипи за прикажаната игра и борбеност.

Ракометната федерација на Македонија им посакува многу успех на РК Вардар 1961 и ГРК Охрид во претстојната сезона

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email