Светската ракометна федерација (IHF) им укажа нова доверба на македонските судии Даниело Божиновски и Виктор Начевски, делегирајќи ги за полуфиналниот натпревар меѓу репрезентациите на Шпанија и Египет на Светското првенство за кадетки во Романија.
Полуфиналната средба ќе се одигра денеска во Питешти, додека во второто полуфинале ќе се сретнат селекциите на Данска и Црна Гора.
Божиновски и Начевски досега на првенството судеа на три натпревари од групната фаза и еден натпревар од главната рунда.
Честитки за Даниело Божиновски и Виктор Начевски и им посакуваме успешно судење на полуфиналниот натпревар!






