Машката кадетска репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките пред настапот на EHF EURO 2026.
По реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, како и двата контролни натпревари против селекцијата на Грција во Скопје, нашите кадети денес, 27 јули, во хотел „Русија“ ги реализираат последните подготовки пред заминувањето за Белград.
Репрезентацијата утре патува за Србија, каде во рамките на групната фаза ќе се соочи со селекциите на Словенија, Франција и Шведска.
29 јули | 12:00 часот
Словенија – Македонија
30 јули | 12:00 часот
Франција – Македонија
1 август | 12:00 часот
Македонија – Шведска
На нашите репрезентативци и стручниот штаб им посакуваме среќен пат и успешен настап на Европското првенство!
Напред Македонија!





