Конституиран Управниот одбор на Регионалната ракометна лига – Иван Миливојевиќ претседател, Милена Раичевиќ извршна директорка
Управниот одбор на Машката и Женската регионална ракометна лига (MRHL / WRHL) ја одржа својата прва – конститутивна седница. Седницата се одржа преку видеоконференциска врска, а Управниот одбор го сочинува по еден претставник од трите сојузи основачи: Ракометниот сојуз на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометниот сојуз на Црна Гора.
Сите одлуки на седницата беа донесени со консензус на сите три члена.
Донесени одлуки:
– Конституиран е Управниот одбор на Лигата, кој истовремено ја извршува функцијата на Одбор на директори на друштвото „Регионална ракометна лига“ ДОО Подгорица. За претседател на Управниот одбор е избран Иван Миливојевиќ, при што е утврден и редоследот на ротирачко претседавање по сезони.
– Усвоен е Деловникот за работа на Управниот одбор, со кој се уредуваат свикувањето и текот на седниците, електронското одлучување, кворумот и начинот на донесување одлуки.
– За извршна директорка на Лигата е именувана Милена Раичевиќ, прославена поранешна ракометарка, со мандат од две сезони.
– Усвоени се Правилникот за натпреварување и Дисциплинскиот правилник, кои ќе се применуваат од сезоната 2026/27 во двете натпреварувања.
– Именувани се комесарите на Лигата и Дисциплинската комисија, со мандат од две сезони:
– Извршна директорка на Лигата: Милена Раичевиќ (Црна Гора)
– Комесар за натпреварување: Ѓоко Колевски (Македонија)
– Комесар за судење: Ненад Николиќ (Србија)
– Комесар за безбедност: Веселин Радетиќ (Црна Гора)
– Дисциплинска комисија: Бојан Перовиќ (Србија), Борко Бајалски (Македонија), Стефан Шапоњиќ (Црна Гора)
– До националните ракометни сојузи ќе биде упатен повик за доставување листи на судии и делегати за сезоната 2026/27.
– Утврден е текстот на Договорот за учество помеѓу Лигата и клубовите учесници, чие потпишување ќе следува во наредниот период.
– Верификувани се заклучоците од конститутивните собранија на MRHL и WRHL, одржани на 1 јули 2026 година.
„Чест ми е и голема одговорност што ќе го водам проектот кој го враќа регионалниот ракомет таму каде што му е местото – во самиот врв на европскиот спорт. Пред нас има многу работа до првото коло на 23 август, но со ваква поддршка од сите три сојузи и клубовите, сигурна сум дека Лигата ќе ги исполни очекувањата на играчите, клубовите и навивачите“, изјави извршната директорка Милена Раичевиќ.
Првото коло од Машката регионална ракометна лига (MRHL) ќе се одигра на 23 август 2026 година, додека Женската регионална ракометна лига (WRHL) ќе започне порано со натпреварите од групата А, согласно договорот на клубовите од таа група. Првото коло од групата Б е предвидено за првиот викенд од септември.







