Наредниот викенд ракометниот караван патува во Кавадарци во спортската сала Јасмин.
Гости на настанот ќе бидат Јована Саздовска, ракометарка со борбен дух и победнички менталитет, препознатлива по брзина, сигурност и неуморна енергија, како и легендата Петар Ангелов “Диви“ – икона на македонскиот ракомет и инспирација за новите генерации.
Настанот ќе се оддржи на ден 29 ноември во спортската сала Јасмин од 12 часот.
РАКОМЕТ – НАШАТА ИГРА, НАШИОТ СВЕТ!







