Македонија домаќин на машко кадетско Светско Првенство во 2019 година

Македонија домаќин на машко кадетско Светско Првенство во 2019 година

На ИХФ конгресот што во текот на овој викенд се одржува во Сочи, Русија, делегатите од националните ракометни федерации едногласно ја потврдија кандидатурата на Македонија за организатор на машкото кадетско Светско Првенство (до 19 години) во 2019 година.

Делегацијата од Македонската Ракометна Федерација која присуствува на конгресот во Сочи, го предложи Скопје за организатор на Првенството. По презентацијата, Претседателот на ИХФ – Хасан Мустафа и членовите на Советот на ИХФ ја одобрија кандидатурата, а потоа и делегатите претсавници на националните федерации членки на Светската Федерација, едногласно ја прифатија.

Светското Првенство во 2019 во Скопје, ќе претставува петта организација на нашата земја на еден светски собир во млади категории. Последен пат, Македонија беше организатор на Светското Младинско Првенство во женска конкуренција во 2014 година, кога домаќини беа Скопје, Охрид и Струмица. Претходно, Македонија беше организатор уште на Светски Првенства во млади категории во 2008, 2007 и 2003 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024