Првото дерби сезонава во плеј офот на машката Супер лига им припадна на ракометарите на Металург кои пред домашна публика со 22-21 (10-10).
Средбата во Автокоманда немаше почеток каков што посакуваа домаќините и екипата на Зомимак долго време го контролираше резултатот. Така беше до 13. минута, кога Металург израмни на 4:4, а потоа и поведе, во 24. минута, 8:7. Двете екипи имаа свои периоди и свои водства, кои никогаш не беа поголеми од два гола. Металург своето највисоко водство го стекна во 27. минута, кога поведовме со 10:8. Сепак, до полувреме Зомимак постигна два гола и на одмор се замина при резултат 10:10.
Зомимак имаше водство и во текот на второто полувреме, кога се разви жестока битка за секоја топка, за секој гол. Во 57. минута гостинскиот тим поведе со резултат 19:21. Но, со одличниот финиш на Металург и со успешните одбрани на капитенот Никола Митревски, домаќините успеаја да постигнат три едноподруго гола и да го добијат овој важен натпревар, со резултат 22:21.
Статистика од натпреварот – Металург-зомимак
Повеќе фотографии од натпреварот на www.rkmetalurg.mk