На првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионките, Вардар на домашен терен го победи Ѓер со 24-18 (14-10), и со солидна предност патува следниот викенд во Унгарија
Вардар одигра како во своите најдобри денови, со енергична одбрана, ефикасен напад, и одлична поддршка од голманите. Ина Суслина беше извонредна, особено во првото полувреме бранејќи осум топки и два седмерци, а онаму каде што таа застана, продолжи Амандин Лејно, која во второто полувреме имаше два одбранети седмерци. Со таква поддршка од голманите и неможеше да се очекува друго, освен победа.
А таа, воопшто не беше доведена во прашање, во ниту еден момент. Се бараше само поголема разлика со која ќе може на реваншот да се патува порелаксирано, и без притисок. Тој, ионака сега е на страна на гостите…..
Повеќе на www.zrkvardar.mk