Наши пријатели

Втора победа на младинките на W19 Шампионатот во Литванија

IMG_9159

Младинската женска репрезентација на Македонија ја совлада репрезентацијата на Косово 31-30 и ја запиша втората победа на W19 Шампионатот што се игра во Литванија

Репрезентација на Косово ја презема контролата врз играта и резултатот во раната фаза од натпреварот. Поведоа со 7-0, а потоа следеше еден период во кој составот на Македонија успеа да направи серија и да поведе со 13-11, на полувреме резултатот беше 14-12 за Македонија.

Во второто полувреме репрезентацијата на Македонија го контролираше натпреварот, разликата од два гола ја удвои на 15 мин до крајот на натпреварот. На крајот репрезентацијата на Косово резултатски се врати во игра, но не успеа да стигне до победа, резултат на крај беше 31-30 во корист на Македонија.

Официјален записник од натпреварот

Денес во 14:00 часот Македонија игра против Фарски Острови во натпревар за 5-тото место на Шампионатот.

IMG_9210 IMG_9218 IMG_9269

 

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright