Наши пријатели

Список на повикани ракометари родени 2002 и помлади за собир и подготовки за учество на меѓународен медитерански шампионат во Атина

лог

Ракометна федерација на Македонија го објавува списокот на повикани ракометари во младинска категорија родени 2002 и помлади за собир и подготовки за учество на меѓународен медитерански шампионат во Атина, Грција во период од 16-22.02.2020 година.

На меѓународниот медитерански шампионат ќе настапат 14 репрезентации (Бахреин, Хрватска, Египет, Хрватска, Италија, Кувајт, Мароко, Црна Гора, Романија, Србија, Шпанија, Тунис, Турција и Македонија).

Репрезентациите ќе бидат поделени во две групи по седум репрезентации. Од групите првите четири репрезентации ќе продолжат во четврт-финалето, победниците од четврт-финалните натпревари ќе се пласираат во полу-финале, а поразените репрезентации ќе играат за пласман од 5-то до 8-мо место.

Трите последни репрезентации од двете групи ќе играат за пласман од 9-то до 14-то место. Ждребот на групите ќе се одржи на 16.02 во 21:00 часот.

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

Собирот е закажан за ден 14.02.2020 со почеток во 10.00 часот во СС Автокоманда.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright