Наши пријатели

Соопштение

Ракометната Федерација на Македонија ја информира јавноста дека Македонската куќа на ракометот и г. Симе Симовски, на 22 април 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката за ангажманот на женските национални селекции.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г. Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 – април 2021 година.

Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата Селектор на женските национални селекции.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright