Скок на Македонија до четвртото место во рангирањето на Лигата на шампионите по трофејот на Вардар

Скок на Македонија до четвртото место во рангирањето на Лигата на шампионите по трофејот на Вардар

Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) по комплетирањето на сезоната 2016/17 го објави новото рангирање на европските земји во Лигата на шампионите, во кое Македонија ги мина Германија и Франција и се искачи на четвртата позиција.

Историскиот успех на Вардар со триумфот на Фајнл Фор турнирот во Келн имаше големо влијание врз растот на бодовното салдо на Македонија на европската листа, на која сега единствено Унгарија, Шпанија и Полска се подобро-пласирани од нашата земја. Веднаш зад Македонија, на петтото место се наоѓа Франција, а меѓу првите 10 се уште Германија, Хрватска, Данска, Белорусија и Украина.

Бодовите за рангирање на федерациите, ЕХФ ги пресметува според резултатите на клубовите во последните три сезони (2014/15, 2015/16 и 2016/17) и според нив потоа го одредува рангот на тимовите за наредната сезона – 2017/18. Во текот на наредната седмица, ЕХФ ќе ја објави и конечната листа на тимови за сезоната 2017/18.

seeding_1617

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на