Симовски и Дамчевска ги скратија списоците за претстојните квалификациски турнири

Симовски и Дамчевска ги скратија списоците за претстојните квалификациски турнири

Селекторите на Женската сениорска и Женската младинска репрезентација на Македонија ги скратија списоците на ракометарки за претстојните Квалификации за ЕП 2018, односно Квалификации за Младинско СП 2018 година.

Првиот собир на Женската сениорска репрезентација ќе се одржи во понеделник (19 март) со почеток во 08:00 часот во СРЦ „Кале“. Дополнително во текот на викендов, селекторот Симе Симовски ќе работи со дел од ракометарките што се веќе ослободени од клупски обврски.

Список на повикани ракометарки за прв собир на Женска сениорска репрезентација:
Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Душица Ѓорѓиевска, Елена Ливриниќ, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Моника Јанеска, Анастасија Николовска.

Сениорките во наредниот период ги очекуваат два натпревари со селекцијата на Фарски Острови во рамки на Квалификациите за ЕП 2018 што ќе се одржи во Франција. Првиот натпревар нашата репрезентација го игра на гостински терен во Торшавн на 21 март, додека втората средба во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се одигра на 25 март од 19:00 часот.

Младинската женска репрезентација пак, првиот собир ќе го одржи во истиот термин (понеделник, 19 март, 08:00 часот) но во салата Автокоманда во Скопје. Селекторот Јулијана Дамчевска повика 17 ракометарки.

Список на повикани ракометарки за прв собир на Женска младинска репрезентација:
Јована Мицевска, Амра Илјаз, Слободанка Кицеска, Милица Николиќ, Јана Калајџиевска, Леонида Гичевска, Марија Гугуљанова, Мила Трајковиќ, Ана Марија Божиновска, Јована Кипријановска, Пена Граматова, Марија Тасевска, Ивона Трпевска, Марија Гајиќ, Аида Брунчевиќ, Аида Смајлоска, Јована Владева.

Младинките во периодот од 23 до 25 март ќе настапат на квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2018. Турнирот ќе се одигра на Исланд, а во група со Македонија се Германија, Литванија и домаќинот Исланд. Двете најдобропласирани селекции во групата ќе обезбедат учество на Светското Првенство.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести