Наши пријатели

Симовски го објави списокот за подготовките за квалификациите за СП

Capture

Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот од 25 ракометарки кои ги повика за почеток на подготовките за квалификацискиот турнир за пласман на СП 2017.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи во понеделник (21 ноември) со почеток од 09:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Македонската женска сениорска репрезентација во периодот од 2 до 4 декември 2016 ќе гостува на Фарски Острови во градот Торшавн, на еден од вкупно четирите квалификациски турнири за СП. Покрај Македонија и домаќинот Фарски Острови, во нашата група се наоѓаат и селекциите на Исланд и Австрија. Најдобропласираните две селекции од групата ќе обезбедат место во баражот за СП 2017 година што ќе се игра во Германија.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright