Наши пријатели

Симовски го дополни списокот на репрезентативки за ЕХФ неделата со шест младинки

DSC_0741

Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го дополни списокот на репрезентативки што ги повика за подготовките во рамки на ЕХФ неделата, со шест млади ракометарки. 

За првиот собир што ќе се одржи на 3 октомври (понеделник) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 11:00 часот, Симовски ќе смета на вкупно 26 ракометарки. Покрај порано повиканите 20 репрезентативки, Симовски ги повика и младинките:

Леонида Гичевска (Вардар СЦЈС)
Ања Велкова (Вардар СЦЈС)
Марија Гугуљанова (Металург)
Пена Граматова (Металург)
Анастасија Николовска (Вардар СЦЈС)
Јована Владева (Металург)

КОНЕЧЕН СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ ЗА СОБИР
НА ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright