Сениорките со пораз ги почнаа квалификациите за СП2015

Сениорките со пораз ги почнаа квалификациите за СП2015

Наместо планирани бодови против „аутсајдерот“ Италија, македонските сениорски загубија со 20-23 и уште од старт си ја направија тешка мисијата за пласман во баражот за СП 2015 година.  Иако на полувреме имавме предност од 14-11, второто полувреме нашите ракометарки го одиграа многу лошо, со бројни технички грешки, дозволувајќи им на гостинките не само резултатски да се приближат туку на крајот и да се радуваат. Со тоа продолжува негативната серија на сениорските без победа која трае уште од 2012 година.

Нашите девојки натпреварот го отворија со сигурна игра во нападот, но не така цврста игра во одбраната  што ни беше доволно за позитива од еден до два гола. Кон средината на првото полувреме „црвено-жолтите“ поведоа и со 9-4, нивна најубедлива позитива на овој натпревар. Противникот делуваше загубено, но наместо дополнително да ја зголемиме предноста, грешките во нашата игра на најдобар начин ги искористија гостинките намалувајќи на само три гола (9-6).

Италија во 48. минута за прв пат поведе со 18-19, а почетничките грешки на избраничките на Магдинчев им овозможи на гостинките да стигнат и до убедливи 18-21. Македонскиот селектор го зеде последниот тајмаут, неговите ракометарки за момент се вратија, намалија на 20-21, но потоа следеше нова низа на промашувања.

Следниот квалификациски натпревар, нашата репрезентација го игра веќе в недела, повторно со истиот противник, но овојпат во Италија. Натпреварот се игра во Фолонча со почеток од 18,30 часот.

 

Статистика од натпреварот

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на