Наши пријатели

Сениорите во вториот шешир за извлекувањето на баражот за СП 2021 во Египет

EHF EURO 2020 (rakomet) Makedonija-Avstrija 14.01.2020-6831

Во понеделник (09.03.2020), со почеток во 19:00 часот во Виена, ќе се одржи извлекувањето на двојките за баражот за Светското Првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет.

Во пресрет на извлекувањето нашата селекција е сместена во вториот шешир, а противник ќе биде репрезентација која е во првиот шешир.

Шешир 1: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција

Шешир 2: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/Босна, Полска/Литванија, Израел/Летонија

На Светското Првенство во Египет, покрај организаторот и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Светското Првенство ќе се игра во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright