Наши пријатели

Сениорите против Франција во баражот за СП 2021

82368475_484026448982740_1052625557159673856_n

Денеска во Виена се одржа извлекувањето на двојките за баражот за Светското Првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Македонија, како дел од вториот шешир во извлекувањето, за противник во баражот ја доби селекцијата на Франција.

Првиот меч од баражот ќе се игра во Скопје во периодот од 05 до 07 јуни, додека ревашнот во Франција ќе се одигра во периодот од 09 до 11 јуни.

На Светското Првенство во Египет, покрај организаторот и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Светското Првенство ќе се игра во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright