Сениорите ги почнаа подготовките за баражот за СП

Сениорите ги почнаа подготовките за баражот за СП

Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија, од вчера ги почна подготовките за претстојните два бараж-натпревари против Чешка за пласман на Светското Првенство 2017.

Селекторот Лино Червар се состана со ракометарите во хотелот „Александар Палас“ каде во присуство на поголем број медиуми беа презентирани и првичните планови за текот на подготвителниот период.

Неколкумина ракометари не беа присутни на првиот собир поради обврски на клупски план, а репрезентацијата ќе се комплетира во текот на наредните денови.

Во попладневниот термин во СЦ „Борис Трајковски“ се одржа и првиот тренинг, а до заминувањето за Злин на 10 јуни ќе се тренира редовно, по два пати дневно во Скопје. Првиот натпревар против Чешка на гостински терен го играме на 11 јуни, додека реваншот во Скопје е закажан за 15 јуни. Победникот од бараж-двомечот ќе се пласира на СП во Франција 2017 година.

Фото: Sportmedia.mk

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на