Наши пријатели

РК Вардар ја одбрани титулата во СЕХА

vardar seha

Актуелниот Македонски шампион го одбрани трофејот во СЕХА лигата, совладувајќи го Загреб во „Викторија Арена“ во Брест, со резултат 26-23, на полувреме 14-12 за Вардар.

Со оваа победа избраниците на Роберто Парондо се најдобриот тим во историјата на СЕХА лигата со пет трофеи, три во низа.

Прогласени се и најдобрите ракометари на финалниот турнир одржан во Брест.

Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)
Среден бек: Сандро Обрановиќ (Мешков)
Десен бек: Даинис Криштопанс (Вардар)
Десно крило: Златко Хорват (Загреб)
Пивот: Столе Стоилов (Вардар)

Дефанзивец: Павел Хорак (Мешков Брест)
МВП: Даинис Криштопанс (Вардар)

По успешната завршница на регионалното натпреварување, РК Вардар продолжува со предизвиците во домашното првенство и домашниот куп, како и во лигата на шампионите, каде во четвртфиналето за противник го има тимот на Пик Сегед.

Извор: www.seha-liga.com

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright