Наши пријатели

РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската машка репрезентација за пласманот на СП 2019

mkd rou

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за успешно минатите бараж средби со селекцијата на Романија, пласманот на Светското Првенство што во 2019 година ќе се игра во Данска и Германија.

Македонија победи убедливо на првиот натпревар од баражот што се играше во Скопје со 32-24, па и покрај минималниот пораз во реваншот на гостувањето во Клуж со 26-25, нашите репрезентативци заслужено се пласираа на завршницата на Светското Првенство.

Ова ќе биде веќе шесто учество на македонските машки сениори на Светските Првенства, по настапите во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013), Катар (2015) и Франција (2017) и вкупно единаесетто учество на големите натпреварувања заедно со Европските Првенства.

Светското Првенство во Данска и Германија ќе се игра во периодот од 10 до 27 јануари 2019 година, а Македонија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Минхен во Германија, каде за противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright