Наши пријатели

Прва победа на сениорите на СП во Египет

mkd-cile3

Репрезентацијата на Македонија во последниот натпревар од прелиминарната групна фаза на СП, забележа победа против репрезентацијата на Чиле со резултат 32:29.

mkd-cile

На денешниот меч, противникот имаше резултатска контрола и тесно водство од гол два разлика во првите 20 минути од натпреварот. Македонија направи пресврт, повреде во неколку наврати, но на полувреме се замина со гол негатива (17:16 за Чиле).

Во вториот дел Македонија предводена од расположените голмани пред се и со запазена улога на Лазаров и Пешевски во нападот, направи пресврт, поведе и со четири гола водство (27:23) во 47-та минута, водство кое репрезентацијата успеа да го зачува до крај на натпреварот (32:29).

mkd-cile2

Најефикасни ракометари во Македонската репрезентација беа Кирил Лазаров со осум погодоци, а по пет постигнаа Жарко Пешевски и Ненад Костески. За селекцијата на Чиле најефикасени ракометари беа Себаљос Себастијан, Феучман Ервин и Салинас Родриго со по седум постигнати погодоци.
Со оваа победа Македонија се пласираше во главната рунда (група 4) од првенството каде што ќе игра против репрезентациите на Русија, Белорусија и Словенија.

mkd-cile1

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright