Наши пријатели

Пораз од Словенија во првата средба од баражот за СП

Македонија жени

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Словенија во првиот бараж за пласман на СП 2019 во Јапонија, натпреварот се одигра во СЦ “Борис Трајковски„ во Скопје, во рамки на ЕХФ неделата.

Во првиот бараж натпревар сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 30:33, на полувреме 14:15.

Натпреварот го почнавме добро и храбро и ниту една од двете репрезентации не успеа резултатски да се одлепи во изедначеното прво полувреме и се замина на одмор со 14:15 во корист на Словенија.

Највисоката предност за репрезентација на Словенија во второто полувреме изнесуваше 5 гола, па Македонија и покрај тоа што неколкупати во продолжението од второто полувреме се приближуваше до еден гол негатива, нашите репрезентативки не успееа да дојдат до изедначување на резултатот, на крај репрезентацијата на Словенија славеше со 33-30.

За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Елена Ѓорѓиевска со 7 погодоци, Сара Ристовска постигна 8 погодоци, додека за селекцијата на Словенија најефикасни ракометарки беа Ана Грос и Тјаша Станко со по 6 погодоци.

Официјален записник од натпреварот

Реваншот од баражот за СП во Јапонија ќе се одигра во Целје на 06 јуни.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright