Наши пријатели

Пораз од Словенија во главната фаза

Слика1

Сениорската машка репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Словенија во првиот натпревар во главната групна фаза на СП 2021 во Египет.

Македонскиот тим беше рамнправен противник во првите дваесет минути од натпреварот, за потоа репрезентацијата на Словенија со ефикасна игра во одбраната и нападот за ја преземе целосно контролата врз натпреварот, на полувреме репрезентацијата на Македонија замина со негатива 0д четири погодоци (13-09).

lazarov

Негативата на нашите ракометари постојано беше голема, направиме неколку технички грешки, имавме и нереализирани шутеви, а сето тоа селекцијата на Словенија го користеше и по четириесет минути игра успеаа да дојдат и до десет погодоци предност, предност која не успеавме да ја намалиме и натпреварот заврши со резултат 31-21 за Словенија.

Најефикасен ракометар за нашата репрезентација беше Кирил Лазаров со пет постигнати погодоци, додека по три постигнаа Кузмановски, Талески и Танкоски. За репрезентацијата на Словенија најефикасен беше Гајиќ со седум постигнати погодоци.

lazarov1

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright