Наши пријатели

Пораз од Словенија и во втората средба од баражот за СП

македонија жени

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Словенија и во вториот бараж натпревар за пласман на СП 2019 во Јапонија.

Во вториот бараж натпревар одигран во Целје, Словенија сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 38:27, на полувреме 20:14.

Ракометарките на Словенија уште од самиот старт на мечот наметнаа силно темпо на игра, по одиграни десет минути од натпреварот репрезентацијата на Словенија успеа да стекне 3 голови предност, а по 20 минути игра и да стигнат од максимални 6, водство кое не го испуштија до крајот од полувремето 20-14.

Во второто полувреме Словенија повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и во 38 минути имаше двоцифрена предност. Конечниот резултат од натпреварот е 28:27 за Словенија,

Официјален записник од натпреварот

За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Елена Ливриниќ со 6 погодоци, Сара Ристовска и Јована Саздовска постигнаа по 5 погодоци, додека за репрезентацијата на Словенија листата на стрелци ја предводеше Тамара Мавсар со 8 погодоци.

Ракометната репрезентација на Словенија со овие победи обезбеди пласман на СП 2019 во Јапонија.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright