Пораз од Шведска во првиот натпревар на СП 2021

Пораз од Шведска во првиот натпревар на СП 2021

Сениорската машка репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Шведска во првиот натпревар  на СП 2021 во Египет. Македонскиот тим беше рамнправен во првите дваесет минути од натпреварот. При резултат 9-9 имавме и напад за водство, но потоа влеговме во лош период во кој Шведска стигна до 5 гола предност.

Во второто полувреме Шведска повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше, па селекторот на Македонија, Данило Брестовац, шанса им даде на сите ракометари да играат. Долго време резулатот, односно негативата беше едноцифрена, но во финишот одново направиме неколку грешки и конечно средбата заврши со резултат 32-20 за Шведска.

МКД

Најефикасни ракометари во Македонската репрезентација беа Кирил Лазаров со пет гола, а по два постигнаа Стојанче Стоилов, Марио Танкоски, Жарко Пешевски, Ненад Костески и Мартин Поповски. За селекцијата на Шведска најефикасен ракометар беше Ване со единаесет, и Персон со шест погодоци.

Следниот натпревар на репрезентацијата на Македонија е в сабота од 18:00 часот против репрезентацијата на Египет.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на