Наши пријатели

Пораз од Белорусија за крај на СП

мкд

Сениорската репрезентација со пораз го заврши учеството на Мундијалот во Египет, денес во Каиро сениорите се поразени од репрезентацијата на Белорусија со резултат 30:26.

Натпреварот со прв погодок го отвори селекцијата на Белорусија, поведе 1-0, за потоа како одминуваше времето од првото полувреме нашата репрезентација ја преземаше контролата врз играта и имаше водство кое не беше поголемо од два гола разлика. На крај полувремето заврши нерешено 14-14.

FilipKuzmanovski

Во второто полувреме репрезентацијата на Белорусија ја превзема контролата на натпреварот и цврста и стабилна игра во одбраната и во нападот имаше и четири погодоци предност. Нашата репрезентација одигра борбено до крај на натпреварот но не успеаа да направат пресврт, на крај славеше Белорусија со резултат 30:26.

Најефикасните во македонската репрезентација на овој натпревар беа Кирил Лазаров со седум погодоци а по четири постигнаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, додека за репрезентацијата на Белорусија најефикасен ракометар беше Кулеш со седум погодоци.KirilLazarov

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright